Слободан Катаниќ со прекар Барбика првпат се појави на аудиција за музички натпревар на ТВ Пинк во 2003 година и привлече големо внимание.
По аудицијата тој исчезна од јавноста, но потоа го смени името и во 2010-та година повторно се појави на истоимената аудиција под името Сања.
Сања немала поддршка од родителите. Како што вели, нејзината мајка не се жалела толку многу, додека со таткото било потешко.
Според пишувањата на српските медиуми, Слободан, односно Сања тврдела дека покрај машкиот полов орган има и матка, а од својата 15-та година има редовен циклус.
Сања подоцна влезе во процес на промена на полот.
Инаку, Сања го отслужи и воениот рок. Таму најтешко и беше заедничкото туширање со оглед на тоа дека секогаш се чувствувала како девојче, па, како што изјавила и било непријатно. Таа денес живее во Чачак, а кафеавата коса ја обои во руса.
-Имав неколку непристојни понуди од познати личности, дури и од влијателни бизнисмени…ми нудеа по 5.000 евра за ноќ со нив, имаше се безобразно, не дај Боже. Имам момче кое ми верува и кое добро се справува, сето тоа го одбив, изјавила Барби во 2021 година.