вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Што би се случило ако само жени возат автомобили?

Што би се случило ако само жени возат автомобили?

Предрасудите кон жените зад воланот не се ретки, а најчестиот аргумент е дека тие се значително поопасни на патиштата. Сепак, дали е навистина така?

Статистиката за сообраќајни несреќи и жртви на патиштата во Британија, објавена од ThisisMoney, открива дека патиштата би биле далеку побезбедни доколку само жените возат автомобили.

Официјалните бројки покажуваат дека минатата година 658.711 возачи биле казнети за сообраќајни прекршоци. Само 18 отсто биле жени.

Мажите сочинуваат 539.142 од вкупниот број сообраќајни прекршоци во 2022 година наспроти само 119.569 возачи жени.

Возењето под дејство на алкохол е една од најопасните работи што возачите можат да ја направат, а официјалните податоци покажуваат дека тоа е прекршок што мажите го прават многу почесто од жените. Од 35.388 пресуди поврзани со алкохол минатата година, мажите добиле 28.399, а жените 6.989. Тоа значи дека четири од пет случаи на ваков вид прекршок биле сторени од возачи.

Кога станува збор за возење под дејство на наркотици, жените повторно прават многу помалку прекршоци. Од 22.793 евидентирани случаи, 20.684 (90,7 проценти) биле мажи наспроти само 2.109 жени.

Истото важи и за опасното возење. Од вкупно 5.172 казни евидентирани во 2022 година, 4.952 биле мажи, а само 220 жени.

Друга главна причина за несреќи и жртви на британските патишта е брзото возење, и повторно, ова е тип на прекршок во кој доминираат мажи. Од 229.150 казни, имало 174.884 мажи и 54.266 жени.