Во текот на зимата често се случува да паднеме поради ледените површини. За среќа, една жена по име Мел сподели совет на TikTok за да спречи лизгање по замрзнатите патишта и тротоари. И што е уште подобро, нема да ве чини многу.
Мајката на две деца го сподели видеото кое од објавувањето надмина 1,1 милион прегледи. Таа извадила две стари чорапи кои повеќе немала да ги користи и ги искористила за својот трик.
Таа ги повлекла чорапите преку чевлите за да го зголеми триењето на чевлите и била воодушевена од овој трик бидејќи чевлите не ѝ се лизгале на мразот и можела да оди без страв дека ќе се лизне.
– Според мене, најдобриот трик во моментов… Носете чорапи преку чевлите за да не се лизнете по мразот. Заблагодарете ми подоцна – рече Мел.
@mels_family_life BEST (most needed) HACK atm in my opinion… socks worn over your shoes – to avoid slipping on the ice. Thank me later 😉 #hackoftheday #hackoftheweek #snowuk2022 #mumsoftiktok #ukmumlife #fyp #besthacksontiktok #foryoupage #scottishtiktok ♬ original sound – @mels_family_life
Иако овој трик звучи ветувачки, многумина коментираат дека не е многу удобно да се оди во јавност со навлечени чорапи над чевлите. Затоа овој трик најдобро се користи ако излезете од дома за да го фрлите ѓубрето или ако сакате да направите нешто во дворот.
Покрај овој трик, постојат и еден куп други трикови кои ќе го намалат лизгањето на чевлите. Може да се обидете да направите основа со суперлепак. Ѓонот на чизмите премачкајте го со алкохол, по што целата површина ќе ја премачкате со лепак.