вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Што да правите со ХРАНАТА која ви остана од ПРАЗНИЦИТЕ? Имаме неколку предлози

Што да правите со ХРАНАТА која ви остана од ПРАЗНИЦИТЕ? Имаме неколку предлози

За време на празниците повеќето домаќинки приготвуваат безброј вкусни специјалитети во кои ужива целото семејство. Вкусните грицки и новите рецепти ни ја скокоткаат фантазијата, а често претеруваме со количината на подготвената храна.

Во наредните денови сме во дилема што да правиме со остатоците бидејќи не би сакале да ги загреваме, а штета би било да ги фрлиме. Затоа во продолжение ви откриваме неколку кулинарски трикови кои ќе ви помогнат остатокот од празничната трпеза да го претворите во одлични гурмански деликатеси.

Ова се многу едноставни идеи кои не бараат многу труд, а гарантираат одличен резултат. Остатоците од лосос, печено пилешко или преостанат шампањ може да се искористат толку убаво што ништо нема да фрлате, а сепак имате вкусен оброк што ќе го сака целото ваше семејство.

Што да направите со остатоците од печено пилешко или мисирка?

Направете ќофтиња:

Месото исечкајте го, па измешајте го со јајце, презла, билки, сечканите ореви (или бадеми, лешници) и формирајте топчиња, валкајте ги во презла и пропржете во длабоко масло. Послужете со салата, пире од компири или зеленчук на скара.

Друга опција е готовите ќофтиња наместо да се пржат, да се сварат во сос од домати и да се послужат со тестенини или ориз.

Направете вкусен оброк-салата:

Во сечканото месо додадете свеж праз, печени или варени компири, брокула на пареа, малку сенф, вински оцет, каперси и маслиново масло. Се добро измешајте и вашиот оброк-салата е готов!

Направете егзотично кари:

Во загреаното тавче се додаваат ситно сечканиот ѓумбир, кромидот и лукот и се пропржува малку. Додадете ситно сечкано пилешко или мисиркино месо и пржете додека месото не добие ситно златна боја. Кога месото е готово, додадете неколку лажици кокосово млеко, малку коријандер и рендана кора од лимон и динстајте уште малку за да се соединат сите вкусови. Послужете со варен ориз или пита леб и свежа салата.

Што да се прави со остатоците од риба?

Направете вкусна паштета:

Парчињата риба ситно исечкајте ги, па измешајте ги со власец, зелено јаболко исечкано на ситни коцки, малку маслиново масло, неколку лажици јогурт, малку кора од лимон и неколку капки сок од лимон. Намачкајте ја паштетата на тост или послужете со јаболка на пареа.

Направете сочни солени колачиња:

На исечканите парчиња риба додадете ги изматените јајца, павлаката, сечканите билки и смесата префрлете ја во калап за колачи или за мафини. Печете на 200 ° C околу 15 до 20 минути. Послужете со салата.

Направете вкусен намаз:

Измешајте ги парчињата риба со малку ситно крем сирење, додадете малку кора од лимон, бибер и морско оревче. Сето убаво соединете да добиете хомогена маса, па премачкајте го на тост леб и послужете со салата.

Што да правите со остатокот од шампањ:

Направете вкусни шербети:

Измешајте шампањ со овошен сируп, па оставете го во замрзнувач најмалку два часа добро да се стегне. Послужете со егзотично овошје.

Направете италијански гранит:

Измешајте шампањ со овошен ликер по желба или одмрзнати бобинки и послужете како освежителен пијалок.

Направете вкусни желеа:

Измешајте џем по желба, шампањот, малку шеќер, сок од лимон и желатин и оставете да се стегне. Се сече на коцки, па се послужува со овошна салата.