вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Што му прави една цигара на вашето тело?

Што му прави една цигара на вашето тело?

Секој пушач сонува што поскоро да се откаже од пушењето, но секој кој некогаш се обидел да се ослободи од оваа лоша навика сфатил дека тоа воопшто не е лесно.

Информациите кои веќе неколку години стојат на кутиите цигари се чини дека се недоволни, па расте бројот на пушачи ширум светот, а загрижувачки е што оваа нездрава навика започнува сè порано.

Некои се обидуваат да го намалат бројот на испушени цигари, за да заштедат пари, но и, како што веруваат, помалку да му наштетат на здравјето.

Сепак, заблуда е дека здравјето ќе се подобри со намалување на бројот на испушени цигари.

Навистина нема голема разлика дали пушите 10 цигари или кутија дневно, секако го оштетувате вашето здравје.

Ризикот од астма се зголемува

Пушењето може да биде поттикнувач за астма, дури и кај луѓе кои немаат генетска предиспозиција за оваа болест. Главниот симптом на оваа болест е грчење на мускулите кои ги обложуваат дишните патишта, таканаречен бронхоспазам. Така се јавува свиреж во градите при краток здив, а како чадот продолжува низ белите дробови, може да доведе и до други проблеми.

Во едно истражување, запалена цигара била закачена за цилиндар наполнет со бел памук, а резултатите покажале дека по само една цигара, памукот почнал да ја менува бојата. По неколку цигари, памукот целосно ја изгубил белата боја, а по 300 цигари добил боја на рѓа и станал како гума од катранот.

Срцето работи понапорно

Пушењето ги нарушува процесите кои влијаат на разградувањето на телесните масти.

Никотинот ја нарушува способноста на телото правилно да ги разградува липопротеините со мала густина (ЛДЛ), што овозможува штетниот холестерол непречено да поминува низ телото. Овие холестероли лесно може да се згуснат и да доведат до наслаги во крвните садови.

Навистина, наслагите од лоши масти не можат да се формираат веднаш, и за нив е потребно време. Сепак, нивото на лош холестерол почнува да расте по првата цигара.

Покрај тоа, пушењето ги уништува нивоата на корисни ензими и протеини кои ја поттикнуваат функцијата на добриот холестерол, чија улога во отстранувањето на лошиот холестерол е огромна.

Ја стимулира киселината и го оштетува желудникот

Никотинот ја намалува јачината на заштитната обвивка на желудникот, а една цигара е доволна да предизвика рефлукс на желудочната киселина. Пушењето ја зголемува можноста желудочната киселина да стигне до хранопроводникот, што доведува до болна иритација.

Тоа се случува затоа што пушењето ја спречува работата на мембраната која го штити хранопроводникот од делувањето на киселината.

Покрај тоа што желудникот е „зафатен“ со исфрлање на киселината, не може да ги апсорбира витамините Ц и Е и другите хранливи материи, тоа доведува до чувство на слабост.

Не смирува туку вознемирува

Иако многумина веруваат дека цигарите се одличен начин за намалување на стресот и сузбивање на нервозата, овој став е сосема погрешен. Вистина е дека никотинот брзо стигнува до мозокот и влијае на центарот за емоции, но овој ефект е многу краток.

Кога неговото дејство ќе помине, настанува „состојба на повлекување“, што доведува до чувство на анксиозност.

Секое вовлекување чад од цигара предизвикува изумирање на рецепторите за допамин во мозокот, кои влијаат на тоа како се чувствувате добро и задоволно.

Предизвикува назални инфекции

Синусите се обложени со ситни влакненца кои се наоѓаат и во белите дробови, а чија задача е да ја спречат заштитната слуз да стигне до белите дробови. Кога чадот од цигарите ќе стигне до носот, влакненцата се вкочануваат и слузта почнува да се таложи во синусите, многу повеќе од нормалното.

Ова го зголемува ризикот од воспаление и инфекција, а затнатиот нос лесно може да предизвика главоболки.

Се создава притисок во ушите

Чадот од тутунот влегува и во ушите, спречувајќи ги природно да се чистат. Ова предизвикува акумулација на течност во средното уво, што може да предизвика болка.