сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Што смеете, а што не да земете од хотелска соба

Што смеете, а што не да земете од хотелска соба

Неко работи смеете, а некои секако не смеете да ги земете со себе од хотелската соба.

Што смеете да земете:

Сапун

Сапунот е најчестата работа која гостите во хотелите ја земаат со себе како сувенир. Според Осман Контех кој е генерален менаџер на хотел во Чикаго, во ред е да го направите ова.

Сепак важно е да се нагласи дека не треба да се поттикува ова да се прави.

Шампон или регенератор

Слично како и мини сапуните кои се наоѓаат во хотелската бања, шампонот и регенераторот може да ги земете со себе. Хотелите понекогаш ги брендираат овие предмети и за нив е разбирливо дека гостите сакаат да ги земат како сувенир.

Се „бесплатно“

Бесплатните работи може да вклучуваат ќеса за хемиско чистење, кафе, ќесички шеќер…

Некои хотели дури даваат и ексклузивни бесплатни подароци за гостите кои секако може да ги земат.

Хартија и пенкало

Хартиените предмети најчест се брендирани со името на хотелот и служат за маркетиншки цели.

Што не може да земете?

Пешкири, чаршафи и останатиот дел од постелнината секако е нешто што не би смееле да го изнесувате од хотелската соба.

Сепак, според анкета на Телеграф дури 68 проценти од анкетираните признале дека ја земаат постелнината и пешкирите од хотелските соби. Затоа некои хотели ги следат и украдените пешкири благпдарение на електронските ознаки.