сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Си нашол помлада девојка и ја избркал сопругата: Следниот ден гледал ТВ и останал во шок

Си нашол помлада девојка и ја избркал сопругата: Следниот ден гледал ТВ и останал во шок

Холанѓанка, која за време на бракоразводната парница, на лото освоила 2,1 милиони евра, позитивно ја изненадила пресудата на холандскиот суд според која не мора да ја подели добивката со поранешниот сопруг, кој отишол со помлада жена.

Во објаснувањето на Амстердамскиот суд стои дека брачниот пар направил попис на имотот коj требало да се подели во моментот кога е поднесено барањето за развод во месец октомври, а разводот на бракот е одобрен во јуни следната година.

Холаѓанката 2,11 милион евра на лотаријата ја освоила два месеци по барањето за развод.

Во бракот не им се посреќило

Пресудатa на нејзиниот поранешен сопруг не му одговарала, па нaвел дека тој и поранешната сопруга во текот на триесетгодишниот брак секогаш уплатувале на игри на среќа со заеднички пари од дома и смета дека добивката треба да биде поделена.

Судијата одговорил дека имал увид на фактот дека холандскиот пар ги поделил заедничките финансии најмалку четири години порано, зашто отишол да живее со новата партнерка. Неговата тогашна сопруга, истакнал судијата, лотото го уплатила со пари од сопствената банкарска сметка, поради што добивката не е заедничка.

Судијата го поделил преостанатиот имот во вредност која вкупно изнесува од 10.000 евра.