среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ ОВА ДО СЕГА: Стручните лица советуваат – еве со која рака е најбезбедно отворање на возачката врата и зошто!

СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ ОВА ДО СЕГА: Стручните лица советуваат – еве со која рака е најбезбедно отворање на возачката врата и зошто!

Отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна.

Имeно, кога излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака. Но, кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има можност навреме да се види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја откорне вратата или притоа некој да биде повреден.

Во таа смисла, за совозачите се препорачува отворање со левата рака.

Незгоди се случуваат почесто отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Ова се секунди што можат да значат живот или смрт.

Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле. (МИА)