недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сигурно сте ја играле оваа игра: Како е создадена „Не лути се човече?“

Сигурно сте ја играле оваа игра: Како е создадена „Не лути се човече?“

Сигурно се малку оние кои барем во детството не играа „Не лути се, човече“.

И покрај многубројните друштвени игри и модерните технологии, оваа стара игра стана забавна за време на изолацијата во нашите домови.

Ако не сте знаеле, се игра од 1907 година, кога ја дизајнирал Германецот Јосеф Фридрих Шмит.

Од желба да ги забавува своите синови, овој претприемач ја смислил играта со коцка во неговата кујна во стилот на стара индиска игра. Коцката ја направил од изрезбано дрво, а на парче хартија ги исцртал полињата.

Интересот за играта се појавил кога започнала војната и кога Шмит испратил донација од 3.000 комплети до воените болници.

За повредените, ова им станал омилен начин за губење на времето преку ноќ и кога се вратиле дома ја донеле играта „Не лути се човече“.

Играта наскоро станала зависно забавна и најпопуларната игра на табли во Германија.

Покрај доброто рекламирање, предност на неговата игра на табли била цената. Сет чинел помалку од половина килограм шеќер, па затоа не е ни чудо што и покрај недостигот и кризата, две години по завршувањето на војната, оваа игра била неизоставен дел од домашниот инвентар во повеќе од еден милион германски домови.