Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, рамо до рамо со актуелната потпретседалка Камала Харис дојде до победата на изборите одржани во ноември 2020 година.
Но, интересно е тоа што легендарната анимирана серија „Симпсонови“ уште пред 21 година ја предвиделе победата на Камала. Имено, во 2000 година се појави епизода со наслов „Барт кон иднината“ (Bart To The Future), во која Лиса стана првата жена претседател на САД по владеењето на Доналд Трамп.
Имено, обожавателите велат дека фактот дека Камала Харис е првата жена некогаш именувана на позицијата потпретседател во САД е пресвртница која не се разликува премногу од она што го замислуваа „Симпсонови“ пред 21 година и дека, како во епизодата, нејзиниот мандат започнува откако заврши владеењето на Трамп.
Новата потпретседателка на Америка на церемонијата носеше виолетов капут и бисерен ѓердан, а во 2000 година, креаторите на „Симпсонови“ ја покажаа Лиса облечена во истата модна комбинација.
Kamala Harris really is Lisa Simpson and I’m all for it 😁 pic.twitter.com/82yTgsu09o
— the barefoot bandit (@Darth_Tsunami) January 20, 2021