петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сините очи кријат една неверојатна вистина

Сините очи кријат една неверојатна вистина

Сините очи кријат една неверојатна вистина, тврдат научниците, кои откриле една заедничка карактеристика на сите луѓе со сини очи, а тоа е дека само луѓето со европско потекло ги имаат овие светли очи.

Имено, со години е проучуван генот ОСА 2, чии носители имаат сиви, зелени или кафени очи, а со цел да се открие на кој начин овој ген мутира.

Меѓутоа научниците цело време се движеле во погрешна насока. Мутацијата, всушност е пронајдена на генот ХЕРЦ 2, кој делува како прекинувач кој ја исклучува сивкастатa боја поради што ја гледаме сината боја. Поради тоа можеме да кажеме дека синооките лица се всушност оние со „лажни сивкасти очи“.

Истрaжувањата тврдат дека само лицата со европско потекло имаат сини очи. Научниците веруваат дека оваа мутација се случила уште во време на првите миграции на нашите претци во северна Европа.