вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сите му се смеат на канадскиот премиер: Во тек на говор му падна вештачката веѓа (ВИДЕО)

Сите му се смеат на канадскиот премиер: Во тек на говор му падна вештачката веѓа (ВИДЕО)

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, стана главна причина за шеги на интернет, после една снимка од Самитот Г-7.

Објавено е видео додека Трудо држел говор. Од аголот од каде е снимено личи како во еден момент на премиерот да му отпаднува вештачката веѓа.

Тоа ги подгреа гласините за тоа дека згодниот канадски премиер има вештачки веѓи, а беше и одличен повод за поклониците на Доналд Трамп добро да му се насмеат на канадскиот премиер, кој во објавите на социјалните мрежи пишуваа дека Трудо се распаѓа.

Сепак доколку повнимателно се погледне видеото се гледа дека станува збор за игра на светлото и сенката, како и дека премиерот нема вештачка веѓа.