Саудиските власти дисквалификувале дури 40 камили од натпреварување за убавина кое почнало минатиот месец, а на кое одгледувачите се борат за награда вредна околу 66 милиони долари.
Животните биле отсранети од изборот бидејќи биле „средувани“ спротивно на правилата. Се утврдило дека дел од камилите примале инјекции ботокс, а биле подложни и на други „поправки“.
Годишниот фестивал на камили е во организација на кралското семејство, а жирито за победникот одлучува врз основа на главата, вратот, грвата и држењето на животното.
Ботоксот, затегнувањето на лицето и другите козметички измени кои камилите би требало да ги направат поубави се строго забранети.
Изборот за најубава камила трае еден месец и се одржува во пустина. Судиите користат специјализирана напредна технологија за да се открие неовластено разубавување на животните. Оваа година дошле до шокантни податоци, десетина одгледувачи на камили ги растегнувале усните и носевите, користеле хормони за јакнење на мускулите. Дури им вбризгувале ботокс и хијалурон во усните и главите за да изгледаат поголеми.
-Сакаме да ги запреме сите лоши активности и измами кога станува збор за разубавувањето на камилите. Организаторите ќе изречат стори казни за сите манипулатори, порачаа властите.