Речиси секое домаќинство има дрвенa шпатула што ја користат за мешање на храната додека готвите.
Една жена на социјалната мрежа Тик Ток покажа колку се навистина валкани лажиците и шпатулите од дрво и ги шокираше сите, но и со едноставен трик откри како да проверат дали им треба длабоко чистење.
За да покаже која е грешката, земала големо тенџере и зоврила вода во него. Потоа на традиционален начин претходно измиените дрвени лажици ги потопувала во тенџере и ги оставила да отстојат неколку минути.
Она што многумина ги згрози, а многумина истовремено изненади е количината на нечистотија што излегла од нив. Водата од кристално чиста стана заматена и валкана, што е доказ дека обичното перење не може да ја отстрани нечистотијата.
@kimmyskreations These wooden spoons needed that love and good scrub with my dish daddy! @scrubdaddy #kimmyskreations #scrubdaddy ♬ original sound – Kimmy’s Kreations