Слеп човек го тужи светски познатиот магазин „Плејбој”, бидејќи нивната веб-страница не е достапна за лица со оштетен вид, објавија светските новински агенции.
Доналд Никсон вели дека компанијата го прекршила законот од 1990 година, со кој се забранува дискриминација на лицата со попречености. Тој се жали дека веб-страницата на Плејбој не содржи конверторот на „текст-во-говор“, кој Никсон го користи.
„Знам дека сите мислите дека токму фотографиите на Плејбој се најважното нешто, но има интересни статии”, вели Никсон.
Целта на случајот кој Никсон го покренал е компанијата да ги редизајнира своите веб-страници за да можат да ги користат лицата со оштетен вид.
Според американскиот закон, Плејбој може да биде казнет со парична казна од 55.000 до 110.000 долари. Во моментов нема официјален коментар од светски познатиот магазин.