понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Слика купена за 600 долари продадена на аукција за 3,1 милиони

Слика купена за 600 долари продадена на аукција за 3,1 милиони

Слика пронајдена во кабина на фарма била продадена за дури 3,1 милиони долари минатата недела.

Станува збор за дело насликано од Ентони ван Дајк, на кое е прикажан старец како седи на стол. Создаден е врз основа на жив модел веројатно во периодот помеѓу 1615 и 1618 година кога Ван Дајк бил млад уметник и работел со својот колега Питер Пол Рубенс во Антверпен.

Сликата била пронајдена во кабина на фарма во Киндерхук, Њујорк кон крајот на 20 век и била купена од страсниот колекционер Алберт Б. Робертс за само 600 долари. Сепак, неодамна беше утврдено дека тоа е дело на Ван Дајк.

На аукцијата одржана минатата недела, сликата била продадена за 3,1 милион долари. Во моментов се наоѓа во музеј во Ротердам.