петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Слушнале повици за помош од куќата на соседите, па викнале полиција: Кога виделе кој вреска, се шокирале (ВИДЕО)

Слушнале повици за помош од куќата на соседите, па викнале полиција: Кога виделе кој вреска, се шокирале (ВИДЕО)

Членови од загрижено семејство од Флорида (САД) повикале полиција, бидејќи слушнале врескање од соседната куќа.

Полицијата дошла и пред гаражата затекнала 40-годишен маж по име Џејсон, како ја поправа колата. Кога слушнал зошто е дојдена полицијата, исчезнал за минута.

„Одам да ви ја донесам личноста која прави галама“, рекол тој.

Кога се вратил, во рацете го држел Рамбо, папагалот кој го чува уште од детство.

Американецот своето милениче го научил да вели: „Помош! Пуштете ме надвор“ кога бил мал, со намера да ги изнервира родителите.

Покрај тоа, Рамбо има нежен глас, па звучел како жена затворена дома која моли за помош. За среќа, никој не е уапсен.