петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СМЕШНО ИЛИ СУРОВО: Новиот предизвик ги подели сопствениците на миленици (ВИДЕО)

СМЕШНО ИЛИ СУРОВО: Новиот предизвик ги подели сопствениците на миленици (ВИДЕО)

Сопствениците на домашни миленици понекогаш прават неверојатни работи за да видат како нивното милениче ќе реагира.

Изразите на лицата на милениците во видеото кое ќе го погледнете во продолжение, многу говорат.

Имено, на социјалните мрежи е поставен нов предизвик кој гласи „Немој да го галиш своето милениче“. Целта е раката да ја приближите до главата на миленичето, како да го галите, но тоа да не го правите, туку едноставно да ја задржите раката.

Реакциите на милениците се разни, а овој предизвик ја отвори дилемата дали истиот е смешен или суров кон милениците. Мислењата се поделени.