вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Снимка од саем го насмеа регионот: „Боро нека го исклучи рингишпилот, врти веќе 20 минути“

Снимка од саем го насмеа регионот: „Боро нека го исклучи рингишпилот, врти веќе 20 минути“

На социјалните мрежи се шири вирална снимка од еден саем која насмеа многумина.

Имено, пејачот го прекинал својот настап за да ги извести посетителите за една непријатна ситуација, а видеото стана хит.

„Ако некој го види Боро Мајсторовиќ, нека оди да го исклучи рингишпилот. Не знаат да го исклучат, веќе 20 минути врти“, е реченицата која ги насмеа луѓето до солзи.

За жал, не е познато дали Боро го „исклучил рингишпилот“, но луѓето секако имале што да кажат.

„Боро мајсторе, ќе живееш 200 години“, „Боро ја оставил ринглата вклучена дома, морал брзо да замине“, „Боро мајсторе, помагај“, „Најлошо е што не е монтажа, позади се гледа полудениот рингишпил“, се некои од коментарите упатени до најважниот човек на саемот.

„Ама замисли да останеш заглавен на вртелешка и те врти 20 минути“, коментирал некој, а друг се надоврзал: „Инфинити наградно возење“.