Возач на „Honda Civic“ дошол до само неколку центиметри од задниот дел на еден „Golf“ на автопат, при голема брзина во инцидент кој можел да доведе до трагични последици.
Минатиот месец Јутјуберот Морти Смит снимал видео за потрошувачката на гориво на својот „Civic“, возејќи на германски автопат. На видеото се гледа дека се движел со брзина до 213 км/ч. долж делницата на која нема ограничување на брзината, кога започнал да се приближува до колона возила од десната лента.
Јутјуберот на почетокот проаѓа покрај едно комби без проблем, но црниот „VW Golf“ од десната лента започнува да преоѓа во левата по која се движи Јутјуберот. За само дел од секунда, колку што возачот на оваа „Honda“ имал на располагање за реакција, притиска на кочницата при 207 км/ч. за да го избегне возилото.
На снимката се гледа како Смит успеал да избегне судар со „Golf“ за само неколку центиметри откако истовремено со кочење свртел во десната лента во последен можен момент.
Погледнете го видеото: