Заборавете на скапите препарати од дрогериите, со овој трик ќе мириса цела куќа
Кога станува збор за чист воздух, обично ги отвораме прозорците, но во лето има други проблеми: муви, комарци и разни бубачки кои само чекаат да влезат во просторијата.
За среќа, постои трик кој сигурно ќе ве воодушеви. Потребна ви е рерна и два до три лимони. Пред да си легнете, исечете неколку лимони на половина, па ставете ги во исклучена, но загреана рерна и оставете ја вратата отворена.
Наутро кога ќе станете, затворете ја вратата од рерната и вклучете ја само неколку минути. Потоа исклучете ја рерната и отворете ја вратата. Овој трик ќе ви помогне домот да мириса прекрасно, а уште подобро – нема да видите никакви инсекти.