Необична сообраќајна несреќа се случи во српскиот град Шабац, поточно во населбата Летниковац кога автомобил марка „Пежо“ буквално влезе во семејна куќа.
Како што јавуваат медиуми, несреќата се случила на улицата „Симе Катиќ“, каде синоќа околу 1.30 часот поради неприлагодена брзина автомобил „Пежо“ влетал во куќата на семејството Павловиќ.
Утрово околу 1:30 „пежо“ управувано од соседот Т.М ја пробило оградата од дворот и преку прозорецот, кој гледа кон улицата, влетал во дневната соба од нивната куќа на улица „Симе Катиќ“ бр.2.
– Јас спиев, а мојот сопруг штотуку легнал. Во другата соба спиеше свекрвата. Ме разбуди страшна детонација. Не знаев што е тоа, а кога отидовме во дневната соба не можевме да веруваме што се случило. Автомобилот беше во просторијата, само што не влезе во електричниот шпорет, а надвор останаа само задните тркала – возбудено раскажува Милена Павловиќ.
Според неа, дневната соба била покриена со прашина, стакло и цигли. Додека гледаат што им се случило, домаќините се во шок и чекаат да дојде понеделник за да се направи проценка на штетата.
-Масата, осум стола, кујната, фотелјите, ламинатот, теписите, се е уништено. Сè беше ново откако ја купивме старата куќа пред четири години и ја реновиравме, а тогаш донесовме и нова покуќнина. Секој динар го вложивме во куќата, а сега не знаеме што ќе правиме. Се може да се надомести и поправи, но не знам како ќе се опоравиме од стресот што го преживеавме, додава Милена.
Семејството Павловиќ биле толку шокирани кога го виделе автомобилот во нивната дневна соба што не можеле да повикаат ни полиција. Се претпоставува дека некој од соседите пријавил во полиција дека несреќата се случила. па набрзо пристигнала и полицијата која извршила увид.
По истрагата возачот, кого Павловиќи го познаваат „од видување“ бидејќи живее во соседството, а не знаат ништо за него, полицијата го привела во станица. Истрагата ќе ја утврди причината за необичната несреќа во која, за среќа, нема повредени.
Како што се дознава, алкохолот во крвта на возачот бил 2,36 промили.