среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СОБАРКА УКРАЛА КОРИСТЕН КОНДОМ НА МИЛИОНЕР И СИ НАПРАВИЛА БЕБЕ – сега го напуштила хотелот и ужива во богатството!

СОБАРКА УКРАЛА КОРИСТЕН КОНДОМ НА МИЛИОНЕР И СИ НАПРАВИЛА БЕБЕ – сега го напуштила хотелот и ужива во богатството!

Во градот на гревот една 41 годишна жена направила голем грев, свесно и намерно.

Светот остана во шок од драмата која немаше да крене толкава прашина зад себе, доколку една собарка во хотел во Лас Вегас не го добие спорот на суд во врска со издржување на детето против 29 годишен милијардер со кој никогаш не ни спиела, ниту имала каков било физички контакт.

Џејн пеколниот план го остварила на 36 години кога украла користен кондом од кантата за ѓубре во хотелската соба на тогаш 24 годишниот милион од Америка. Тогаш ја ставила семената течност во својата вагина и затруднела.

Родила момче кое сега има пет години, а набрзо откако се родил тој покренала судски спор за алиментација и издржување на детето, „безгрешно“ зачнато со милионерот во градот на коцката.

Во текот на судскиот процес, таа признала дека никогаш не спиела со него, но дека се оплодила со неговата сперма додека ја чистела неговата соба.

Детално раскажала како го смислила планот, што ја инспирирало на овој чин и како го спровела делото за да си обезбеди лесен и луксузен живот.

„Го оставил својот извод од банка до полицата до креветот и го видов додека чистев. Во тоа време толку многу сакав бебе и мислев дали е добро да имам бебе со богат човек“, раскажува на почетокот таа.

Тестот кога бил направен се докажало дека младиот милијардер е татко на детето, по што судот му наложил на мајката на детето да исплати два милиони долари за дотогашните три години кои ги пропуштил во животот на детето.

Адвокатите пак на таткото велат дека и тој ја возвраќа тужбата против мајката на детето поради крадење на неговите телесни течности и повреда на неговата приватност.

Во меѓувреме таа дала отказ како собарка и започнала неколку сопствени бизниси со ново стекнатото богатство и има целосно старателство над детето кое му го дала името по својот татко.