вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сом ги изел сите риби во езерото, па сега ги јаде и патките

Сом ги изел сите риби во езерото, па сега ги јаде и патките

Германскиот град Офенбах бара начин да се ослободи од огромен сом за кој се верува сега јаде патки откако ги изел сите риби во градското езеро.

Сомот е долг околу метро и пол и прв пат е виден пред околу една година. Агенцијата ДПА пренесува дека градските власти соопштиле оти пронашле професионален рибар кој треба да ја фати рибата, но оти договорот се уште не е склучен.

Градот планира несаканиот гостин да го фати жив и да го пушти во некое приватно езеро, но пред тоа ќе мора да се осигура оти сомот нема да побегне и дека новиот дом ќе одговара за неговите потреби.