Партнерот на Керол Авенел (37) ѝ признал дека чека дете со друга жена. Ѝ се заколнал дека таа врска била краткотрајна и дека е завршена, па таа одлучила да му даде втора шанса само поради заедничкото дете.
Таа ја исконтактирала својата “соперничка” Шели Броутин и започнала да се дружи со неа. Тие две тогаш дошле до заклучок дека Џон не е искрен и дека со месеци се гледал со нив две, секако лажејќи ја и едната и другата.
Тогаш и двете ги прекинале врските со него, па станале најдобри пријателки. Тоа било пред 10 години, а денес жените раскажале дека се благодарни поради тоа што им се случило во животот.
-Ние сме семејство. Мило ми е што двете созреавме и ги согледавме лагите на Џон и тоа нас нè направи поблиски. Заедно ги поминуваме празниците и сите слободни денови, раскажала Керол за Дејли Меил.
Тие две се зближиле, бидејќи сакале нивните деца подобро да се запознаат, а потоа сфатиле дека имаат многу заеднички интереси.
И двете жени сакале да го вклучат Џон во животите на своите деца, но тој сега е во нова врска и не го интересираат децата.