сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Совршенство вредно 48 милиони долари: Редок син дијамант од Африка оди на аукција (ВИДЕО)

Совршенство вредно 48 милиони долари: Редок син дијамант од Африка оди на аукција (ВИДЕО)

Редок и живописно син дијамант, кој е најскапиот примерок ќе се најде на аукција која е закажана во април годинава во Хонг Конг, во организација на аукциската куќа „Сотби“.

Дијамантот првпат е откриен во април 2021 година во јужноафрикански рудник.

-Синиот дијамант од овој вид е исклучително редок и вреден, ништо слично се нема појавено на аукција во последните години, нагласува претседателката на издавачката куќа Пети Вонг.

Геолошкиот институт во Америка дијамантот го оценил со највисока оценка, која во светот ја имаат помалку од еден процент од дијамантите.

Вонг истакнала дека ова е најубавиот син дијамант кој во својата кариера го видела.