Човек во Индонезија по име Џошуа имал среќа како ретко кој во животот. Тој до неодамна заработувал за живот преку изработка на сандуци, но неодамна во куќата преку покривот му паднал огромен врел камен тежок 2,2 килограми.
Се утврдило дека тоа е метеорит стар 4,5 милијарди години и дека е еден од најзначајните кои некогаш се најдени на планетата.
Тој го продал за околу1,5 милиони евра, и како што изјавил, дел од парите ги искористил да изгради црква во своето село, пренесува порталот Индекс.
Тој и сопругата, како што тврди, сакале уште една ќерка покрај трите деца кои веќе ги имаат, а ова му било знак од вселената.
A humble carpenter from Indonesia recently became an instant millionaire after selling a meteorite that fell on his home.
He received roughly RM7.6 million, equivalent to 30 years’ worth of his usual salary.https://t.co/juEQ7SaPAp
— Latest on SAYS (@saysdotcom) November 18, 2020