вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Стануваат „ноќни птици“ зашто мораат да ги избегнуваат луѓето

Стануваат „ноќни птици“ зашто мораат да ги избегнуваат луѓето

Поединечни животни почнаа да ги менуваат навиките и се повеќе стануваат „ноќни птици“ за да го избегнат притисокот на човечкото влијание во своите живеалишта, покажува новото истражување кое го спроведоа еколозите на Универзитетот Беркли.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека растот на човечката популација влијае на тоа како животните функционираат, а се чини оти одреден број цицачи станаа активни во текот на ноќта за да ги избегнат луѓето.

Научниците во истражувањето истакнуваат дека таа трансформација се однесува само на животните, но оти би можела да има потенцијални последици на целосниот екосистем кој уште не можеме во потполност да го разбереме.

Цицачите во потрага по храна, покажуваа претходните истражувања, се прилагодуваа на луѓето, така што се повлекуваа пред ширењето на населените места на луѓето. Научниците наведуваат дека сите промени прават стрес кај животните. Истражувањето покажало оти дури и планинарењето и кампувањето може да имаат негативно влијание на растителниот и животинскиот свет.

Истражувањето е конципирано како збирна метаанализа на 76 истражувања на 62 видови на шест континенти. Скоро исти резултати се добиени на сите континенти и меѓу сите видови на човечка активност на тие подрачја, од лов до земјоделство.

Некои од животните видови, кои се вклучени во истражувањето се танзанискиот лав, видрите во Бразил, којотите во Калифорнија, дивите свињи во Полска и тигрите во Непал. Сите овие видови покажале необична различност во однесувањето на животните кое се менува низ околината и видовите.