четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СТАРИ ВЕРУВАЊА: Ве чеша левата дланка – ќе добиете пари, а што значи ако ве чешаат ушите, прстите…?

СТАРИ ВЕРУВАЊА: Ве чеша левата дланка – ќе добиете пари, а што значи ако ве чешаат ушите, прстите…?

Сите веќе го знаеме верувањето дека кога ќе не чеша десната дланка, ќе даваме пари, а кога ќе не чеша левата, ќе добиеме пари.

Сепак, се уште постојат верувања за слични ситуации. Кога ве чеша десната дланка, тоа може да значи дека ве очекува ракување со пријател.

Ако ве чеша левото уво, некој ве озборува. Ако ве чеша десно, тогаш некој ве фали.

Ако ве чешаат стапалата, ќе одите некаде.

Чешање во левиот лакт – ве очекуваат возбудливи вести. Ако ве чеша десниот лакт, тоа навестува тажни вести.

Ако ве чешаат прстите, тоа укажува дека наскоро ќе се верите или ќе се венчате.