Сигурно ви се случило да си го гризнете јазикот. И знаете колку може да боли тоа.
Сепак, има и друга страна на приказната. Старото верување вели дека кога ќе си го гризнете јазикот, тоа во никој случај не е добар знак.
Имено, постојат две верзии на ова верување.
Првото вели дека кога ќе го гризете јазикот, тоа значи дека некој од вашата околина ве лаже за важни работи. Затоа треба добро да ги отворите очите и да внимавате кому ги доверувате вашите тајни. Друга верзија вели дека кога човек ќе си го гризне јазикот премногу зборува, а некои работи од приватниот живот треба да ги чува за себе.
Како и да е, ова се секако само верувања, а на вас останува да процените дали треба да верувате во нив.
Факт е дека единственото нешто што ќе се случи кога ќе го гризете јазикот е дека најверојатно ќе почувствувате болка која ќе исчезне за неколку минути.