Секоја домаќинка тежнее нејзиниот дом да и биде среден и чист, а кога на ред ќе дојде чистењето на тоалетот, а посебно веце школката на сите им е смачено.
Во продолжение прочитајте за еден трик со кој од сега ќе ви биде олеснето чистењето и на највалканиот дел од домот.
Чистењето на тоалетот е вистински предизвик. Кога школката ќе пожолти и традиционалните методи не успеваат, време е да пробате нешто ново. Ставете таблета за машинско перење на садовите во веце школката и почекајте да се раствори. По ова исчистете ја целата површина.
Потоа ќе исчезнат непријатните мириси и сите валкани работи во и околу школката.
Ако школката е пак многу валкана, почекајте неколку часа или пак оставете ја таблетата во текот на ноќта да се раствори и да ги уништи сите бактерии.
Инаку таблетата за машинско перење на садовите има и други употреби освен основната, па така на пример со неа можете да ја исчистите и машината за перење алишта.
Ставете една таблета во машината и вклучете ја на најмалку 60 степени, а потоа лошиот мирис и валкани работи од неа ќе исчезнат.