Тиктокерка покажа трик како да се исправат свитканите рабови на тепихот.
Потребни се само неколку минути за ткаенината да се врати на претходната позиција и повторно да изгледа совршено. Корисниците на Интернет беа воодушевени. „Неверојатно“ – звучи еден од многуте слични коментари.
Веројатно сите во минатото сме се бореле со проблемот на завитканите рабови на тепихот. Не само што изгледаат грозно, туку може и да се сопнете од нив и сериозно да се повредите.
Сепак, тешко е да се справиме со овој проблем. Ниту со ставање нешто тешко на тепихот, ниту со пеглање – што навистина не треба да го правите, бидејќи тепихот може да се оштети.
За среќа, тиктокерката Сара ни доаѓа на помош, споделувајќи совети за домот со корисниците на Интернет. Таа неодамна откри начин како да ги исправите рабовите на тепихот.
Нејзиниот метод е многу едноставен. Само земете малку лед од замрзнувачот – идеално неколку коцки – и ставете ги на тепихот. Треба да ги оставите коцките додека не се стопат. Потоа мора да се исуши. После ова, тепихот ќе биде како нов.
Една од жените признала дека пробала многу начини да се справи со овој проблем, но безуспешно. Помогнал само методот што Сара го претстави во краткото видео кое може да го погледнете ТУКА.