Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.
Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците, пријатно изненадени, го снинмаа невообичаениот настап.
-Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме, изјави една од патничките.