понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Странец објавил водич за „мување“ девојки од Македонија

Странец објавил водич за „мување“ девојки од Македонија

Странец на возраст од 38 години, кој е во Македонија како менаџер на странска фирма повеќе од две години, решил на блог да постави сопствени искуства и да објави препорака што и како го очекува некој во врска со девојките кога ќе дојде во Македонија.

Македонските се прилично секси девојки

Пред да дојдете во Македонија, ви препорачувам добро да го подготвите вратот, бидејќи постојано ќе се вртите по прекрасни девојки по улиците на Скопје. Македонките се со природен сексипил во себе, високи се и претежно добро градени особено помладите девојки, имаат долги нозе, негувана коса и ведри се, со убави задници и генерално помали гради. Тие, според мое мислење, спаѓаат меѓу најсекси жените во овој дел на Европа.

Клучната разлика меѓу нив и другите девојки во Европа е нивната страст. Тешко ќе најдете девојки со ладно срце или студено држење. Нивниот темперамент наликува на жените во Шпанија. Иако првично се срамежливи, тие брзо се ослободуваат од дистанцата кон странци.

Овде девојките се – навистина природни жени

Македонија, како и соседните држави, отсекогаш имала отпор кон феминизмот, но патувањата и контактите со западна Европа, холивудските филмови и масовното користење други медиуми полека го менуваат тоа. Иако многу девојки се пораснати во патријархален амбиент, семејните вредности полека изумираат. Додека не изумре таа природна женственост и Македонките да се претворат во Германки или Холанѓанки, овие девојки овде дишат како полнокрвни жени неоптеретени со феминизмот и задоволни што се во центарот на машкиот свет.

Сепак, Скопје не е местото каде што доаѓате да имате секс набрзина. Не очекувајте секс за една ноќ овде, бидејќи тоа не е вообичаено или прифатливо за девојките во Скопје, барем за најголем дел од нив.

Зборуваат англиски

Македонските жени добро зборуваат англиски, особено помладите во Скопје за кои имам искуство околу тоа. Образовани се повеќе отколку што очекувате за девојки од една посткомунистичка земја од источна Европа и бидете внимателни кога зборувате за груби работи во нивно присуство.

Не е само недела денот за забава

Она што можете да го видите во Грција, ако сте биле некогаш по работа или на одмор таму, ќе го видите и овде. За разлика од кај нас, во западна Европа, овде забавите и излегувањата по кафетерии и ресторани е речиси секојдневно а не само во сабота и недела, па затоа имате постојана прилика да среќавате девојки на јавни места и бидете во контакт со нив. Но, да не згрешите и се доведете себе во состојба која може да биде прилично непријатна за вас, не приоѓајте кон скопските девојки ако сте пијани, агресивни или арогантни. Тука би згрешиле многу затоа што можете да добиете грубо отфрлање, па и повеќе од тоа. Бидете пристојни, нормално облечени и не се рафрлајте со фалење од каде сте, колку заработувате и каква кола возите и за кратко време ќе имате неколку пријатели, а и пријателство со девојки кои во такви околности се спремни да го поделат времето со вас.

Секс во Скопје не е толку лесно остварлива работа како во Кина, Бугарија, Романија или Украина на пример. Но, затоа, и девојките овде се со многу повеќе содржини и потенцијал за врска отколку во тие држави. Македонците, генерално, немаат голем отпор кон странци ниту пак себе се сметаат за помалку вредни во однос на луѓето од западна Европа за да бидат покорни кон вас и да ви дозволат ароганција. Добри домаќини се Македонците, но првин треба да стекнат доверба во вас.

Постојат два типа Македонки

Ако морам да ги поделам во две групи би ги поделил според музиката што ја слушаат и тоа може да биде добар знак за прва проценка со кого имате работа. Во првата група се девојки кои слушаат домашна и во втората се девојки кои слушаат странска музика.

Девојките кои слушаат локална музика, најчесто македонска и српка наречена од турбо фолк, се отворени, емотивни и многу комуникативни со околината, сакаат повеќе да пијат од другите и да уживаат во животот. Но, штета е што овие девојки помалку комуницираат со странци.

Оние што слушаат странска музика се поотворени кон странците и ги прифаќаат другите култури, често се и со повеќе образование,  но ретко кај некоја од нив ќе ја видите радоста на живеењето и позитивната енергија која е толку силно забележлива кај девојките од првата група. Тоа е како да споредувате девојки од шпанскиот брег со девојките од Холандија или Белгија. Па, на вас е  внимателно да одберете што ве привлекува повеќе.

Култура и граници во комуникацијата

Македонците не се како другите од комунизмот, зад железната завеса. Тие отсекогаш имале слобода на патување и приватни мали бизниси, и многу од нив работат во странство и добро ја поизнаваат западната култура, и себе се сметаат за дел од тоа. Фирмата во која работам лесно наоѓа кадар кој брзо се вклошува во западните стандарди на работа и комуникација.

Македонците сметаат, барем голем дел од нив, дека се стар народ со антички вредности и горди се на тоа такашто не е препорачливо да спорите на таа тема и да се карате околу фактите. Како мал народ постојано се под закана од некои поголеми соседи и прилично се чувтсвителни на односите со Албанците и одбегнувајте разговори на таа тема бидејќи можат брзо да станат непријатни, па и агресивни кон вас. Некои се подготвени и да разговараат на тие теми но, имајте на ум дека тие имаат пријатели и роднини кои не се така еластични. Ако сте тргнале во комуникација и освојување на девојки тие етнички теми спаѓаат во крајно непосакувани и ризични.

Воопшто, Македонките се лично многу оптоварени со политика и етнички односи но, тоа се смета за домашна тема и не е нешто кое искрено се разговара со странци во кои, кога се политиката и етничките теми во прашање, Македонките и Македонците немаат доверба.

Мангупи

Не наседнувајте на впечатокот дека девојките во Македонија, особено во Скопје, се љубезни кон вас и прифаќаат без отпор многу од она што го зборувате. Тоа е повеќе гест на гостопримство и добра воља кон странец отколку нивна наивност и неупатност. Напротив, мангупки се. Ќе ве сослушаат неколку пати, а потоа одеднаш ќе ви го покажат вистинското лице ако заблежат дека сте се стекнал со впечаток дека карши вас седи наивна девојка на која можете да и продадете се што ќе ви падне на памет за да ја освоите.

Изгледот знае да излаже

На крај она што кај странец кој бара друштво на девојка се случува на почеток, а тоа се проценки и предрасуди за изгледот и однесувањата на девојките во Македонија. Не дозволувајте првиот впечаток да ви биде и главен, овде со тоа сигурно ќе згрешите.

Македонките, особено младите под 30 години во Скопје, се облекуваат и однесуваат прилично провокативно пред се затоа што покажувањето сексипил во Македонија, во Скопје, е нешто кое се смета за секојдневна нормална култура и обичај и девојките немаат проблеми со тоа. Се дотеруваат долго пред излегување и сакаат да бидат секси дури и кога се во женско друштво, без никакви намери или планови со тоа.

Кај странец од западна Европа тоа може да се протолкува како понуда на лесна девојка која отворено ја промовира својате сексуалност а вие нормално таа понуда ја прифаќате и стапувате во акција. Не избрзувајте. И во Шпанија, Португалија или Бразил девојките се однесуваат така, но не се курви.

Излегување и секс

Излегувањето сам во ноќен бар или дискотека за да се најде женско друштво е самоубуствено, ќе ве сметаат за фрик и асоцијален тип. Ако веќе излегувате сами гледајте што е можно побрзо да се приклучите на некоја група. И, внимавајте многу кој е во групата и какви им се односите. Македонија долго била дел од Ориентот и мажите се прилично територијално ориентирани па, доколку проценат дека влегувате во нивна територија без исклучок ви следи исфрлање.

Има разлика во пристапот помеѓу девојките од Скопје и оние од внатрешноста, особно студентките, кои се ослободени од грижата дали некој ги гледа и озборува, Скопје им е ново место и шанса за забава и многу полесно создаваат контакти и имаат секс со странци. Постои лесно забележлива разлика во одност помеѓу девојките до 25-30 години и потоа, вториве се многу повоздржани, имаат содржина и образование за комуникација и дружење, но се многу потешки за секс.

Притоа, ако не сте расположени за додворување а имате пари, секако постојат и девојки за платена забава, овде наречени спонзоруши, кои се дружат со странци за привилегии или надоемст, како и на други места и не се скапа играчка како во Европа.