Научниот свет со денови зборува за откритието на полските египетолози, кои со детално скенирање откриле мумифицирана бремена жена.
Поради коскената структура на малите деца, нивните остатоци ретко се наоѓаат. Состојбата со фетусите на починати бремени жени е уште потешка, па затоа ова откритие е од голема важност.
Тоа исто така зборува за фактот дека античкото египетско верување во задгробниот живот било вкоренето. Тие верувале дека нероденото дете е живо и затоа го оставиле во утробата на починатата мајка за да се преселат со неа во другиот свет. Процесот на мумификација вклучувало отстранување на сите внатрешни органи и ткива што може да го оштетат телото на починатиот за време на процесот на распаѓање.
Проектот започна во 2015 година, а најсовремената технологија беше искористена за испитување на артефактите. Целиот процес на истражување се случи во Националниот музеј во Варшава, а неколку научници учествуваа во самиот проект.
Претходно, мумијата се сметaла за свештеник, но рендгенските снимки откриле дека станува збор за жена во подоцнежните фази од бременоста.
Експертите кои работеле на проектот сметаат дека остатоците најверојатно и припаѓаат на жена која потекнувала од повисока класа, на возраст од 20 до 30 години и се верува дека починала во 1 век п.н.е.