понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тажниот гениј: Вистинската причина поради која Ван Гог си го отсекол увото е уште потрагична од што се мислело?

Тажниот гениј: Вистинската причина поради која Ван Гог си го отсекол увото е уште потрагична од што се мислело?

На 28 јули 1890 година, холандскиот сликар, Винсент Ван Гог починал како последица на саморанување. Тоа било крајот на долгиот, тешкиот и болен живот на еден несфатен гениј, кој во момент на лудило дури си го отсекол и увото.

Вистинската причина зошто Винсент Ван Гог одлучил да си го отсече увото е мистерија која трае повеќе од еден век. Но, новите истражувања фрлиле сомнеж врз популарната теорија дека познатиот сликар, Винсент ван Гог сам си го отсекол увото во моменти на лудило по расправија со „колегата“ уметник, Пол Гоген.

Имено, Мартин Бејли, истражувач и автор на книгата за познатиот сликар „Studio of the South“, тврдел дека Ван Гог си го отсекол увото откако добил писмо во кое било наведено дека неговиот брат Тео, најголемиот ктитор и обожавател на Винсент, ќе се ожени – пишувале „Гардијан“.

Било познато дека Ван Гог бил голем противник на тој брак. Уметникот стравувал дека тоа ќе ја наруши близината која тој ја имал со Тео и дека на крајот неговиот брат, откако ќе формира свое семејство, ќе ја ускрати финансиската помош на која уметникот дотогаш во голема мера се потпирал, бидејќи до тој момент сè уште немал продадено ниту едно од неговите дела.

Сепак, историчарите досега верувале дека писмото во кое Тео го известил за бракот, пристигнало дури откако Ван Гог веќе си го отсекол увото.

Бејли тврдел дека има докази дека сликарот писмото го добил на 23 декември 1888 година, само неколку часа пред да си го отсече увото. Таа вечер, вистина, дошло до расправија со Пол Гоген, но тоа било само „шлаг на тортата“ на веќе многу несреќниот Винсент.

Како и да е, сликарот таа вечер си го отсекол увото и завршил во психијатриската болница. Па така, наместо Божиќ да го помине со својата млада вереница, Тео дошол да го посети својот брат.

По краток престој во болницата, Ван Гог бил пуштен на 7 јануари и тогаш му напишал на Тео: „Наскоро ќе дојдат убави денови и повторно ќе почнам да сликам расцветани орхидеи.“

Во 1890 година, Ван Гог се преселил во Овер сир Оаз, северно од Париз и таму го насликал своето последно дело пред да се самоубие.

Последен пат го видел својот брат за време на неговата посета на 6 јули, 1890 година.

Винсент ван Гог се застрелал себеси на 27 јули и починал два дена подоцна, во присуство на Тео.

По смртта на неговиот брат, Тео западнал во депресија и набрзо бил примен во санаториум во Утрехт, каде му била дијагностицирана „општа парализа на нервите поврзана со сифилис“, но денес се споменува и можноста дека боледувал од привремена акутна порфирија, која можеби и била основната болест на Винсент.

До ноември истата година, и самиот бил за трајно примен во лудница. Починал неколку месеци подоцна, на 33-годишна возраст.

Тео и Винсент ван Гог биле погребани еден до друг.