сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тест на потсвеста: Изберете чевел и откријте како изгледате во машките очи

Тест на потсвеста: Изберете чевел и откријте како изгледате во машките очи

Работите кои најмногу не привлекуваат можат да кажат многу за нас, но и за тоа како другите не доживуваат

Веруваме дека многу пати во животот сте слушнале дека „костумот не го прави човекот“, меѓутоа, многумина веруваат дека облеката и чевлите кои сакате да ги носите кажуваат многу за вас.

Модните експерти и познавачите на човечката психа се согласија дека чевлите, во повеќето случаи не ги бираме само така и дека всушност откриваат многу работи за сопственикот.

Не случајно некои жени претпочитаат сандали со високи потпетици во јаки бои, додека други претпочитаат „помирни“ тонови.

Овој едноставен тест ќе ви помогне да дознаете како изгледате во машките очи, а се што треба да направите е да изберете една од четирите чевли, секако водени од интуицијата.

Чевла број 1

Вие сте личност која плени со својот изглед. Мажите сакаат да бидат во ваше друштво бидејќи секогаш сте отворени за комуникација и сте многу духовити. Силната боја на чевлите е одраз на вашата независност и „карпест“ карактер, но и на личност која нема никакви стравови.

Вашата женственост нема граници, а софистицираноста е главното правило на вашиот стил. Во очите на мажот кој сака независни жени, вие сте јасен пример за тоа како жената треба да изгледа и да се однесува. За оние кои се потрадиционални, вие сте фатална дама, во која лесно се заљубуваат, но и брзо бегаат.

Потпетица број 2

Доколку ја изберете оваа темна чевла, со затворени прсти, мажите ве гледаат како недостапна жена, иако не сте. Повеќето од нив се плашат да ви пријдат бидејќи мислат дека никогаш не би можеле да го најдат патот до вашето срце. Ве сметаат за интровертна личност, која не може и не сака да флертува.

Ќе бидете вистинска среќничка, ако меѓу господата има некој кој ќе разбере дека вие сте всушност личност желна за љубов и дека долго време го чекате вашиот „принц на бел коњ“. Сепак, само најхрабрите ќе имаат трпение и волја да го „стопат“ срцето на „снежната кралица“ и да се капат во морето на љубовта што го носите во себе.

Чевла број 3

На мажите им оставате впечаток на слатка, романтична и нежна девојка. Сепак, вие ја имате моќта на околината, а особено на мажите да им и го покажете „лицето“ кое ви одговара во даден момент.

Мажите често мислат дека можат да ви пријдат и дека сте лесен „плен“, но прилично се изненадени кога ќе сфатат дека сте „тврдина“ која тешко се освојува.

Вашата отвореност и ведриот дух, но и провокативното однесување, често ги гледаат како отворена покана за флерт, па се изненадени кога ќе сфатат дека тоа не е баш така.

Потпетица број 4

Дамата која ги избра овие чевли во очите на мажот изгледа како жена која има високи барања. Точно знаете што сакате од животот и самоуверено се движите кон своите цели.

Мажите често ве гледаат како самодоволни и не се сигурни дали воопшто ви се потребни. Често мислат дека сте вообразени и недостапни, а не разбираат дека тоа е навистина само одбранбен механизам на душата која копнее по нежност.

Веројатно имате многу додворувачи, но и високи критериуми, па почесто ја избирате осаменоста отколку врската.