петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тест на потсвеста: Тоа што прво ќе го видите на илустрацијата го открива вашиот најголем страв во љубовта

Тест на потсвеста: Тоа што прво ќе го видите на илустрацијата го открива вашиот најголем страв во љубовта

Доколу сте се прашувале зошто не можете да се опуштите на љубовна релација, одговорот можеби се крие во вашата потсвест.

Поголем дел од луѓето ги третираат оптичките илузии како забава. Но, тие можат да бидат корисни и на други начини и да нè натераат да размислиме за тоа што се крие во нашата потсвест.

Илустрацијата која е пред вас претставува баш таков предизвик – ги открива вашите најголеми стравови во љубовните врски.

Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да запомните кој симбол прво го воочивте. Зад тој симбол се крие можниот одговор за вашите најдлабоки емотивни стравови.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Колибри со ореол

Веројатно и сами сте забележале дека во емотивната врска сте скептични кон саканата личност. Постојано ја доведувате во прашање вистинитоста на тоа што го слушате и гледате, вечно се сомневате во верноста на вашиот партнер. На долги патеки таквото однесување може да биде кобно и за врската.

Пеперутка

По природа сте голем романтичар и сакате да имате една љубов за цел живот. Но, времето во кое живееме нè убедува во спротивното, има малку љубовни парови кои се верни еден на друг од детство до старост. Доколку стравувате дека вашата емотивна врска нема да потрае, дајте сè од себе да се ослободите од тој страв и да научите да живеете во моментот.

Исто така не дозволувајте лошите искуства кои сте ги имале од претходните врски да влијаат на вас.

Винова лоза

Некогаш сте верувале дека секој на светот мора да ја сретне својата сродна душа и дека судбината ќе се погрижи тоа да се случи во вистинското време. А, потоа поминале години и вие сте останале сами, чекајќи го принцот на белиот коњ или принцезата на зрно грашок кои никако не се појавуваат.

Не постои идеален маж, како што не постои ниту идеална жена, но доколку на никој не му дозволувате да ви се приближи нема ниту да дознаете дали таа личност е можеби идеалната за вас.

Череп

Можно е вашите емотивни врски да траат кратко затоа што потсвесно имате страв дека доколку се заљубите и се препуштите на некоја личност, ќе се изгубите самите себе.

Запрашајте се дали зад тој страв стои лошо искуство, ваше или туѓо и зошто сте му дозволиле да управува со вашата сегашност, па и со иднината. Љубовта е нешто што би требало да нè ослободи, а не да нè става во кафез. Кога на тој начин ќе почнете да ја набљудувате љубовната врска, брзо ќе се ослободите од потиснатиот страв.