вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тест: Погодете во која жена е заљубен мажот на сликата

Тест: Погодете во која жена е заљубен мажот на сликата

Тестирајте ја вашата способност за читање гестови и решете ја оваа интересна загатка која ќе ве научи како да читате невербални сигнали. Погледнете ја сликата и дознајте во која од трите девојки е заљубено момчето.

Погледнете ја внимателно фотографијата, а еве и мала помош – одговорот е во деталите. Како што наведува Алан Пис во својата книга „Говорот на телото“, постојат многу знаци кои ја откриваат скриената привлечност на мажот кон жената.

И додека некои од овие гестови, како што се проширените зеници или рацете на половината, лесно се забележуваат кога се комуницира лице в лице, препознавањето на интерес за една девојка во друштво на повеќе, е малку потешко.

Одговорот е поедноставен отколку што може да замислите.

Решението на загатката лежи во говорот на телото и врвовите на чевлите на младиот човек свртени само кон една од девојките. Според Алан Пис, положбата на овој дел од телото, стапалото или чевелот на мажот обично укажува на жената за која тој е најмногу заинтересиран во тој момент.

Излегува дека кога на мажот му се допаѓа некоја жена, тој несвесно го врти телото во нејзин правец или ја исфрла ногата напред во правец на жената. Во овој случај станува збор за девојката која на сликата е означена со бројот три, пренесува „Телеграф“.

Без разлика колку тешко изгледа во одреден момент, решението е всушност прилично лесно.

Се надеваме дека се забавувавте и научивте со овој тест да го читате говорот на телото и во иднина секогаш да препознавате кој витез го привлекувате кога сте во друштво на момци и неколку девојки.