Ако вашите американски палачинки не се воздушести или вашата торта не нарасне, тогаш на вашиот прашок за пециво можеби му е истечен рокот на траење.
Доколку на него не пишува датум на истекување на рокот, лесно можете сами да проверите дали сè уште можете да го користите или не.
Доколку ви се случило по којзнае кој пат да ја правите тортата, а овој пат не ви „успела“, не грижете се.
Веројатно има едноставна причина за ова: рокот на прашокот за пециво или сода бикарбоната што ги користите во подготовката на оброците можеби е истечен.
Тест за прашок за пециво
Во шолја ставете една лажичка прашок за пециво и додадете 1/3 чаша топла вода. Ако правот почне да набобрува, може е да се користи. Ако не, земете нов.
Тест за сода бикарбона
Во шолја ставете 1/4 лажичка сода бикарбона и додадете две лажички оцет. Исто како и прашокот за пециво, ако сода бикарбона не набобри, таа е стара и треба да се замени.