Возачот на Hyundai не се прослави со овој многу опасен потег во сообраќајот.
Сообраќајната несреќа се случи во Будимпешта. Надзорните камери снимија уште еден „бисер“ кога автомобилот влета во лентата пред автобусот без возачот да се грижи за безбедноста на патниците во возилото за јавен превоз. Сигурно не помислил и како опасниот маневар ќе заврши за него и неговиот автомобил. Веднаш штом влета и нагло запре возачот на Hyundai i30, возачот на автобусот застана во место, но сепак удри во автомобилот.
Камерата потоа го снима возачот како излегува од автомобилот. И покрај несомнениот бес на возачот на Хјундаи, сè што можеше да се види е гест со рака и неколку навредливи зборови. Локалните медиуми ХВГ објавија дека полицијата пристигнала брзо и спровела истрага.
Возачот на Хјундаи, не знаејќи дека несреќата е снимена од надзорната камера во автобусот, се бранел со тврдењето дека нагло сопрел во обид да избегне куче на патот. Полицијата не беше задоволна од лажната изјава, па на крајот му ја одзеле возачката дозвола поради предизвикување опасност по возачот на автобусот и неговите патници.