среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ТикТок ѕвезда: Балканец се снима секој ден во затвор, луѓето му испраќаат пари и скапи подароци (ВИДЕО)

ТикТок ѕвезда: Балканец се снима секој ден во затвор, луѓето му испраќаат пари и скапи подароци (ВИДЕО)

Социјалната мрежа ТикТок моментално е најпопуларна во светот, а освен што на корисниците им пружи безброј можности, доведе до создавање на нова категорија на медиумското небо и занимање – тиктокер.

Токму благодарение на оваа мрежа стана популарен еден затвореник од Балканот, Адмир Машиќ.

Адмир, кој веќе десет години издржува затворска казна во Франција, зборуваше за тоа и самиот во неколку свои видеа објавени на ТикТок, стана популарен токму поради снимањето и дистрибуцијата на материјали од затворот.

@admiratko1

♬ son original – Admir atko roda

На неговиот профил, најмногу може да се видат видеа од неговата обиколка на ќелијата – собата.

Адмир дури одржува преноси во живо од својата ќелија, каде што луѓето, односно неговите речиси 10.000 обожаватели, му донираат пари, подароци и многу други работи.

@admiratko1

♬ son original – Admir atko roda

Неговата приказна секако заинтригира многумина, а тој неодамна им се пофали со новиот модел на Ајфон чија цена е околу 1.000 евра.

Обожавателите најчесто му донираат подароци или пари преку лајв видео, а неговата популарност се зголемува – што значи дека Адмир заработил во текот на неговите затворски денови.

@admiratko1

♬ son original – Admir atko roda

Но, она што многумина ги изненадува е прашањето: „Како го доби телефонот во затвор?“