среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Том Холанд го нарече херој момчето кое витешки ја спаси својата помала сестра

Том Холанд го нарече херој момчето кое витешки ја спаси својата помала сестра

Том Холанд, актерот познат по улогата на Спајдермен, го нарече 6-годишното момче херој кое со својата храброст го ризикуваше својот живот за да ја спаси својата помала сестричка од напад на агресивно куче.

Сторијата на момчето стана многу популарна и се рашири на социјалните мрежи кога за прв пат неговата тетка Никол Валкер ја објави прва веста за храбриот потег на 6-годишниот Бриџер.

– Мојот внук е херој кој ја спаси неговата помала сестра од напад на куче. Тој, самиот беше нападнат од кучето во обид да ја одбрани својата сестричка, за да не биде таа повредена. Подоцна тој изјавил „Јас бев тој што требаше да умре, мислев дека тоа треба да сум јас“, напиша тетката на Бриџер на својот инстаграм профил.

Подоцна тетката на Бриџер објави и видео во кое момчето добива телефонски повик од Том Холанд кој го поканил момчето на снимање на сетот за најновиот филм за Спајдермен.