Адриана Лима открива три златни правила за совршена кожа и тело.
Има 37 години и завидна кариера на која активно работи повеќе од дваесет години. Веќе на почетокот на својата манекенска кариера усвои три основни правила за добар изглед, а неодамна одлучи да ги сподели со фановите.
Адриана открива дека редовно вежба, бидејќи мисли дека не постои едноставно решение за фит фигура.
Таа одвојува најмалку 30 минути секој ден за да трча или вози велосипед, а секогаш кога е во можност оди во теретана.
– Понекогаш се занимавам со бокс, тоа е многу забавен спорт кој помага да се затегне целото тело. Но, советувам секој да најде нешто што им се допаѓа и да се придвижи – вели Адриана.
Покрај тоа, свесна е дека исхраната е многу важна за добар изглед и вели дека својот ден го започнува со напивка која го поттикнува метаболизмот, а во овој случај таа препорачува пијалак од авокадо со малку мед и вода. Овој пијалак ја зголемува енергијата, а нејзиниотметаболизам функционира како часовник.
Хидратацијата е неопходна за здрава и витка фигура, а Адриана ве советува да го зголемите внесот на вода во телото. Покрај тоа што е добра за кожата, водата ги намалува нападите на глад. Користете шише во кое секогаш ќе имате вода, и секогаш имајте свежо овошје во сад.
Пробајте ги овие три златни правила и заблескајте како Адриана Лима!