Ако сакате сами да ги негувате ноктите, без да одите во салон, новите трикови за совршен маникир секогаш ќе ви значат.
Тие се одлична кратенка за убави и негувани нокти во исто време.
Не мора да сте професионалец за да имате уредни и убаво лакирани нокти, доволно е да вежбате и знаете трикови кои ви ја олеснуваат работата.
1. Отстранување на гелот од ноктот
Доколку имате гел на ноктите и сакате да го отстраните што е можно полесно и побезболно, од најголема помош ќе ви биде маслото од арган. Се што треба да направите е да додадете масло од арган во водата со сапуница, кое ги храни ноктите, но и успешно го отстранува гелот.
Во оваа смеса потребно е да ги чувате ноктите неколку минути, додека не забележите дека гелот почнал да се одвојува од ноктот. Потоа со лесни движења одвојте го гелот од ноктот и извадете го за да не ја оштетите плочката за нокти.
@bysugarclaws Soooo i may be changing nails everyday now🤪 #lifehacks #nailhacks #fypppppp ♬ original sound – Haley Lane
2. Лак за нокти без грешки
Ако секогаш грешите и лакот завршува на вашите кутикули, сега маките завршија. На Tik-Tok постои трик кој го олеснува лакирањето на ноктите, па вашите нокти секогаш ќе бидат совршено обложени. За овој трик потребен ви е вазелин кој ќе го нанесете околу ноктите и кутикулите пред да го лакирате.
Така ќе спречите лакот да се „лепи“ за кожата и брзо да се исуши, па ќе можете да ги отстраните сите несовршености со стапче за уши веднаш по нанесувањето на ноктот.