Ретка, мала зебра со точки, наместо со линии по крзното била забележана во дивините низ Кенија.
Специјалист за диви животни објасни дека бебето е родено со вид на меланизам, што е обратна состојба од албинизмот.
Тажната вест е што ваквите нетипични младенчиња тешко се снаоѓаат во дивината. За среќа, неговата мајка не го отфрла и го штити.