петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Убодот од СТРШЛЕН може да биде фатален: Доколку дојде до тоа, задолжително направете ја оваа ПОСТАПКА бидејќи може да ви го спаси ЖИВОТОТ

Убодот од СТРШЛЕН може да биде фатален: Доколку дојде до тоа, задолжително направете ја оваа ПОСТАПКА бидејќи може да ви го спаси ЖИВОТОТ

Стршленот е еден од најопасните човечки непријатели во топлиот дел од годината, ретко напаѓа без причина, но ако луѓето случајно го вознемират, често е вистински кошмар.

Иако убодот на стршлен во некои случаи може да доведе до анафилактичен шок, односно алергиска реакција на отровот, тогаш навидум обичен убод може да заврши фатално.

Доколку имате и најмало сомневање дека сте алергични на стршлени, најдобро е да избегнувате авантури во природа на места каде што ги има.

Причини за анафилактичен шок:

алергија на каснувања од инсекти,

убод на непријатно место каде што отокот предизвикува задушување,

убод од стршлен или оса во изминатите неколку недели, па имунолошкиот систем станал преосетлив на алергенот и во случај на повторен убод доаѓа до анафилактична реакција на организмот.

Ако се појави анафилактичен шок, веднаш треба да се повика брза помош за да се спроведе терапија, која може да ја вршат само медицински професионалци.

Она што може да ги искомплицира работите е тоа што во некои случаи, алергиската реакција се јавува дури по осум до десет часа, што значи дека може да се одложи.

Меѓутоа, доколку се работи за обичен убод и немате некои сериозни симптоми, веднаш по убодот секако отстранете ја боцката, а местото третирајте го со ладни облоги.

Искусните пчелари велат и дека убодот од пчели, оси или стршлени можете да ги ублажите со таблета аспирин или андол.

Потребно е едноставно да намокрите една таблета и да ја ставите на местото на убодот, да ја држите една минута, а потоа да ја тргнете.