четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Украле мисирка од зоолошка градина, па ја терале да пие вотка на роденден

Украле мисирка од зоолошка градина, па ја терале да пие вотка на роденден

Тројца Летонци украле мисирка од Зоолошката градина во Рига, па со неа се качиле на воз и заминале на роденден.

Славејќи го роденденот на едниот од нив во Јурмала, се опиле, а пијана од вотка била и украдената мисирка.

Летонската полиција ги уапсила за кражба на животното, а при апсењето кажале дека само сакале малку да се забавуваат. Мисирката била вратена во Зоолошката градина, но доведена е во прашање нејзината адаптација бидејќи била многу вознемирена и повлечена, но и малку мамурна.