четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

УРНЕБЕСЕН ОГЛАС: Пензионер бара жена – нуди куќа, стан и пензија, но има СТРОГИ УСЛОВИ (ФОТО)

УРНЕБЕСЕН ОГЛАС: Пензионер бара жена – нуди куќа, стан и пензија, но има СТРОГИ УСЛОВИ (ФОТО)

Во местото Неготин во Србија се појави оглас во кој, се чини, пензионер бара начин да си ги исполни своите желби. Подготвен е да даде, но бара и да земе.

Огласот започнува со зборовите: „Подарувам куќа, стан и пензија“. Подолу е наведено тоа што тој го бара, но како што можете да видите, претерал во своите барања.

„Слободна, млада личност на возраст од 30 до 50 години, која е без никакви обврски кон некого, за ЉУБОВ, СЕКС, ПОМОШ ДОМА, РАЃАЊЕ ДЕЦА“ – напишал авторот на овој оглас.

Бара само сериозни личности да му се јават и да се договорат.

Но дури потоа ги наведува условите:

Да биде образована, да тежи помалку од 60 килограми, неинфицирана и ментално да биде здрава, да биде искрена, да не пуши и пие. За крај, бара да сака кревет, кујна, музика и прошетка.