вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Урнебесно видео од зоолошка градина во Лондон: Горили бегаат од дожд, а нивното однесување е идентично со она на луѓето

Урнебесно видео од зоолошка градина во Лондон: Горили бегаат од дожд, а нивното однесување е идентично со она на луѓето

На 24-ти септември беше одбележан Светскиот ден на горилите, а денеска се занимаваме со една вирална снимка од зоолошка градина во Лондон која насмеа милион интернет корисници.

На видеото се гледаат две горили како трчаат да се засолнат, откако започнало да паѓа дожд, додека во позадина се слуша „заразно“ смеење.

Веднаш да нагласиме – со причина! Непознатиот автор го фатил моментот додека животните бегале од дождот, а се однесувале како луѓе во такви моменти.